мини|Слика на млада жена во посета на болен млад човек. Посета на болно лице, било во болница или во нивниот дом, е препорачано филантропско дело во различни култури и религии, вклучувајќи го христијанството, јудаизмот и исламот и се смета за аспект на добронамерност и дело на милосрдие. Во јудаизмот, на пример, чинот е наречен „бикур холим“ и е сметан за дел од мицвата (заповед). Во христијанството тоа може да биде направено од роднини или пријатели или формално од свештеник.

Формат Посета на болните главно се врши на доброволна основа. Целта на посетата е да се размислува за заедничкото чувство со болното лице и да се помине некое топло квалитетно време со него, обезбедувајќи им вдахновение и позитивни чувства кои можат да му помогнат да се избори со својата болест и наскоро да оздрави.

Поврзано

Елеосвештенство

Наводи

Категорија:Филантропија Категорија:Заповеди