Дејви Главевски (роден на 17 ноември 1967 година) ― македонски поранешен фудбалски напаѓач и репрезентативец.

Клупска кариера Неговата кариера започнала во 1985 година во Втората југословенска лига, играјќи за Пелистер. Во 1990 година, тој го направил своето деби во Првата југословенска лига кога се преселил во белградскиот клуб Рад. Две години подоцна се вратил во Пелистер, сега настапувајќи во Првата македонска лига. Во 1996 година, тој се преселил во Данска за да игра во данскиот прволигашки клуб Вајле при што биле вицепрваци во 1997 година.

Меѓународна кариера Главевски бил дел од македонскиот состав во квалификациските натпревари за Светското првенство 1998. На 9 ноември 1996 година, тој постигнал хет-трик на своето деби за Македонија во победата од 1-11 против Лихтенштајн во Ешен. Главески бил во почетната единаесетка и постигнал два гола во 8., 12. и и 60. минута. Неговиот последен меѓународен натпревар бил квалификацискиот натпревар за Светското првенство во јуни 1997 година против Исланд.

Наводи

Надворешни врски

Stats from Vejle BK на Danskfodbold.com Дејви Главевски на Transfermarkt.com Дејви Главевски на Eu-football.info

Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ФК Тиквеш Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери од Битола Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Македонски иселеници спортисти во Данска Категорија:Иселеници фудбалери во Данска Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Фудбалери во данската Суперлига Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Првата југословенска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Рандерс Категорија:Фудбалери на ФК Вајле Категорија:Фудбалери на ФК Рад Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Машки фудбалски напаѓачи