Ванчо Мицевски (роден на 28 август 1971 година) ― македонски фудбалски работник и поранешен професионален фудбалер кој играл како напаѓач. Тој ја претставувал Македонија на меѓународен план. Мицевски е роден во Скопје, СР Македонија, СФРЈ.

Клупска кариера Кариерата ја започнал во Работнички. Следните години се преселил во Пелистер и Силекс каде што ја имал најуспешната игра како играч. Мицевски има постигнато 128 гола во Првата македонска лига и е втор стрелец во историјата на првенството.

Сезоната 1996/97 ја почнал во Силекс, а во зимската пауза се префрлил во Мехелен во Белгија. По краткиот период со Унион Берлин, тој се вратил во сезоната 1999/00 за да игра во Македонија за Пелистер и постигнал гол во нивната финална победа во купот над Слога Југомагнат. Подоцна во кариерата тој продолжил да игра за Маџари пред да ја заврши играчката кариера во Пелистер во 2007 година.

Меѓународна кариера Мицевски имал осум меѓународни настапи за македонската репрезентација помеѓу октомври 1993 и јуни 1997 година. Тој постигнал четири гола за време на неговата репрезентативна кариера, против Албанија, Лихтенштајн и Малта. На 9 ноември 1996 година, Мицевски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Мицевски бил во резервите и влегол да игра во 69. минута и постигнал гол во 90. минута.

Голови +Список на репрезентативни голови постигнати од Ванчо Мицевски бр. Датум Место на одржување Противник Резултат по гол Краен езултат Конкуренција 1 14 мај 1994 Градски стадион, Тетово, Македонија2-0 5–1 Пријателски 2 3 9 ноември 1996 Спортпарк Ешен-Морен, Ешен, Лихтенштајн1–11 1–11 Квалификации за Светско првенство 1998 4 27 ноември 1996 Национален стадион Та' Кали, Та' Кали, Малта0-1 0–2 Пријателски

Стручна кариера Од јануари 2022 година, Мицевски е спортски директор на Пелистер.

Почести

Прва македонска лига: 1995/96, 1996/97 Куп на Македонија: 1996/97, 2000/01 Републички куп на Македонија: 1990/91 Најдобар стрелец во Првата македонска лига: 1996/97

Наводи

Надворешни врски

Профил на MacedonianFootball.com

Ванчо Мицевски на Transfermarkt.com Видео со Мицевски на ТВ Тера

Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ФК Мехелен Категорија:Фудбалери на ФК Силекс Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Македонски иселеници спортисти во Германија Категорија:Иселеници фудбалери во Германија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Белгија Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Фудбалери во Регионаллигата Категорија:Фудбалери во Челинџер Про лигата Категорија:Фудбалери во белгиската Про лига Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Првата југословенска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората југословенска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Маџари Солидарност Категорија:Фудбалери на ФК Унион Берлин Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Машки фудбалски напаѓачи