Филип Стојчевски (роден на 4 февруари 1999 година) ― македонски одбранбен фудбалер.
Клупска кариера До крајот на првата половина на сезоната 2015/16, Стојчевски бил во младинските категории на Металург. Во втората половина на сезоната, Стојчевски бил префрлен во сениорскиот состав на прволигашот Металург и играл до крајот на сезоната. Таа сезона, Металург и Стојчевски биле претпоследни во првенството и отпаднале во Втората лига. Во летото 2016 година, Стојчевски заминал во младинските категории на Вардар. За сезоната 2017/18, во летото 2017 година, тој бил унапреден во сениорскиот состав на прволигашот Вардар. Таа сезона, Стојчевски со Вардар биле вицепрваци во првенството. Следната сезона, тој заминал во прволигашот Македонија Ѓорче Петров 1932. Тој станал играч на Работнички во летото 2019 година. Но тој не ја одиграл целата сезона за Работнички бидејќи во февруари 2020 година, потпишал за грузиски Сиони Болниси. Таму не останал долго и во јули 2020 година, се вратил во Македонија и се приклучил на Ренова за сезоната 2020/21. Со Ренова застанале на 10. место и победиле во баражот за опстанок против Охрид Лихнидос. Во јули 2021 година, за сезоната 2021/22, Стојчевски потпишал за новиот второлигаш Силекс. Таа сезона, Силекс и Стојчевски ја освоиле Втората лига - Запад и директно обезбедиле пласман во Првата лига. Следната сезона, Стојчевски и кратовскиот клуб завршиле на 4. место во Првата лига. Во јули 2023 година, Стојчевски ја сменил средината и потпишал за прволигашот Брегалница 2008.
Репрезентативна кариера Во периодот од 2016 до 2018 година, Филип Стојчевски бил дел од Македонија под 19 години.
Почести Силекс Првак во Втората македонска фудбалска лига - Исток (1): 2021/22 Вардар Вицепрвак во Првата македонска фудбалска лига (1): 2017/18
Наводи
Надворешни врски
Филип Стојчевски на Transfermarkt.com Филип Стојчевски на Flashscore.com
Категорија:Фудбалери на ФК Металург (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Сиони Болниси Категорија:Фудбалери на ФК Ренова Категорија:Фудбалери на ФК Силекс Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Националната лига (Грузија) Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Машки фудбалски одбранбени играчи Категорија:Македонски фудбалски одбранбени играчи Категорија:Македонски младински фудбалски репрезентативци