Тони Флорес — филипинско канадски спортист во паракајакарство кој живее во Едмонтон, Алберта, Канада. Тој служел како прв назначен застапник во Канцеларијата на застапник за лица со попреченост во Владата на Алберта.

Параатлетика десно|мини| Тони Флорес на Светското првенство во кајакарски спринт на МКФ 2011. Како параспортист, Флорес се натпреварувал на меѓународно ниво, вклучително и како член на канадската екипа во паракајакарство на Светското првенство во кајакарски спринт на МКФ 2009 во Канада, што била премиерата на паракајакарството како спортско натпреварување. Флорес се натпреварувал и во паракано на настанот во 2010 година во Полска и во 2011 година во Унгарија. Тој исто така се натпреварувал во трки со инвалидски колички и паранордиско скијање.

Флорес служел како директор на Наградата за достигнување „Ванг Јан Дај“ за осум Параолимписки игри. Дополнително, тој работел во одборот на директори на непрофитната Алберта Спорт Конекшн, од 2016 до 2018 година.

Застапување На 30 октомври 2018 година, Флорес беил назначен за прв адвокат за лица со попреченост, со отворањето на Канцеларијата на застапник за лица со попреченост во Владата на Алберта. Неговиот тригодишен мандат завршил на 31 октомври 2021 година.

Флорес е вдахновение за детската книга Тркалата на Тони (изворно: Tony's Wheels), од Мила Бонгко-Филипциг.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Паракајакари Категорија:Машки натреварувачи со попречености во атлетика Категорија:Спортисти од Алберта Категорија:Канадски машки кајакари Категорија:Непозната година на раѓање (живи луѓе)