Горан Здравков (роден на 11 ноември 1980 година) ― македонски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.
Играчка кариера Тој бил играч на Работнички.
Во сезоната 2010/11, Здравков дошол во родната Брегалница 2008 која била прволигаш во тоа време. Следната сезона, Здравков и Брегалница завршиле на петтото место на табелата. Сезоната 2012/13, Здравков со Брегалница биле шести во првенството. Во сезоната 2013/14, Здравков уште бил во Брегалница 2008 со која завршил на седмото место на прволигашката табела. Следната сезона, повторно Здравков и Брегалница го освоиле седмото место. Во сезоната 2015/16, петтото место во Првата лига било обезбедено. Првенството 2016/17, Здравков и Брегалница 2008 завршиле на претпоследното деветто место и отпаднале во Втората лига. Додека бил играч на Брегалница 2008, тој бил нејзин капитен. Во Втората лига - Исток 2017/18, Здравков ја почнал сезоната во Брегалница 2008, но за во втората половина од првенството, поточно во јануари 2018 година, тој се преселил во конкурентот на Брегалница 2008, Беласица. Здравков со Беласица ја освоил Втората лига - Исток и со тоа се унапредиле во Првата лига. Но за сезоната 2018/19, Здравков ја сменил средината и се преселил во второлигашот Плачковица. Таа сезона, Здравков и Плачковица биле шести во Втората лига - Исток. Следната сезона, поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. На 26 мај, Федерацијата одлучила дека Првенството воопшто нема да се продолжи. Во прекинатата сезона, Плачковица и Здравков биле седми на табелата и таа сезона Здравков се повлекол од професионалното играње фудбал.
Тренерска кариера Тренерската кариера започнал во јули 2020 година во второлигашот Каменица Саса. Во неговата прва сезона, 2020/2021, тој ја донесол Саса до шестото место во Втората лига - Исток. Сезоната 2021/22 ја почнал во Саса, но таму останал до декември. Во март 2022 година, тој дошол во радовишки Детонит Јуниор. Во Детонит Јуниор ја започнал сезоната 2022/23 и бидејќи имал добри резултати, тој бил прогласен за најдобар тренер за првата полусезона. Здравков во декември 2022 година, престанал да биде главен тренер на Детонит Јуниор и се преселил да биде тренер во прволигашот Брегалница 2008. Поради добрите резултати со Брегалница 2008, на 10 април 2023 година, Здравков бил прогласен за тренер на колото од страна на sportsport.mk. Следната сезона, Здравков продолжил во Брегалница 2008.
Наводи
Надворешни врски
Горан Здравков (како тренер) на Transfermarkt.com Горан Здравков (како играч) на Transfermarkt.com Горан Здравков на Flashscore.com Видео со Горан Здравков на Телевизија M-Net
Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери на ФК Беласица Категорија:Фудбалери на ФК Плачковица Категорија:Тренери на ФК Саса Категорија:Тренери на ФК Детонит Плачковица Категорија:Тренери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Фудбалери од Штип Категорија:Фудбалски тренери од Штип Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Машки фудбалски средишници Категорија:Македонски фудбалски средишници