Исмаил Кадаре (албански: Ismail Kadare, француски: Ismail Kadaré; – ) — албански писател кој ужива голема меѓународна репутација. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесеттите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.
Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации. Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот Генералот на мртвата војска. Денес живее во Париз.
Библиографија Генералот на мртвата војска (1963) Тврдина (1970) Хроника во каменоломот (1971) Големата зима (1977) Скршениот април (1978) Трострелниот мост (1978) Палата од соништата (1981) Случајот на Х. (1981) Албанска пролет (1991) Пирамида (1995) Три елегии за Косово (1998) Ќерката на Агамемнон (2003) Наследникот (2003)
Наводи
Категорија:Албански писатели Категорија:Заповедници на Легијата на честа