Обична мачка ( или ) — најраспространетиот вид од семејството мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.

Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни грабливци, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока честота. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.

мини|upright|лево|Египетска скулптура во Лувр

Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од Стариот Свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.

Еволуција

Припитомување Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно", http://www.nytimes.com/2007/06/29/science/29cat.html, Study Traces Cat's Ancestry to Middle EastNicholas Wade, The New York Times 29 June 2007 една понова студија, од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток. Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9.500 години на Кипар.

Таксономија Научното име Felis catus е дадено од Карл Линеј во 1758 година за домашната мачка. Felis catus domesticus е име предложено од Јохан Кристијан Поликарп Еркслебен во 1777 година. Felis daemon е име предложено од Константин Сатунин во 1904 година за црна мачка од Закавказје, подоцна идентификувана како домашна мачка.

Во 2003 година, Меѓународната комисија за зоолошка номенклатура одредила дека домашната мачка е посебен вид наречен Felis catus.

Карактеристики

Големина мини|Дијаграм на општата анатомија на машка домашна мачка Домашната мачки има помал череп и пократки коски во споредба со дивата мачка. Има просечна должина од околу и висина од , со околу долг опаш. Машките единки се поголеми од женските. Возрасните домашни мачки типично имаат тежина од .

Скелет Мачките имаат седум вратни пршлени (како и повеќето цицачи); 13 градни пршлени (луѓето имаат 12); седум слабински пршлени (луѓето имаат пет); три крсни пршлени (како и повеќето цицачи, но луѓето имаат пет); и варијабилен број на опашни пршлени (луѓето имаат три до пет сраснати во опашна коска). Поголемиот број на градни и слабински пршлени придонесуваат за мобилноста и флексибилноста на 'рбетот кај мачката.

Однесување мини|десно|Предење на мачка Мачките што живеат надвор се активни и дење и ноќе, иако имаат тенденција да бидат малку поактивни ноќе. Домашните мачки го поминуваат поголемиот дел од своето време во близина на своите домови, но може да се движат во радиус од неколку стотици метри. Тие населуваат територии кои значително варираат по големина, која според една студија може да се протега од . Времето на активност на мачките е доста флексибилно и разновидно; но како предатори при слаба светлина, тие генерално се крепускуларни, што значи дека имаат тенденција да бидат поактивни во зори и самрак. Сепак, однесувањето на домашните мачки е исто така под влијание на човековата активност, и тие можат до одреден степен да се прилагодат на навиките за спиење на нивните сопственици.

Животен век и здравје Просечниот животен век на домашните мачки е зголемен во последниве децении. Во почетокот на 1980-те тој изнесувал околу седум години, пораснал на 9.4 години во 1995 и на околу 13 години според податоци од 2014 и 2023 година.

Кастрацијата го зголемува животниот век на мачките; според една студија кастрираните мажјаци живеат двапати подолго од интактните, додека стерилизираните женки живеат 62% подолго од интактните. Кастрацијата, односно стерилизацијата на мачката носи одредени здравствени придобивки, како што се подолг животен век и намалена инциденца на неоплазми на репродуктивните органи. Сепак, стерилизацијата го забавува метаболизмот и го зголемува внесот на храна, што може да предизвика гојазност кај стерилизираните мачки.

Болести Мачките можат да страдаат од различни болести, почнувајќи од вообичаени инфекции до хронични состојби. Најчеста причина за смртност кај помладите мачки (до 5 години) е траума, а кај постарите мачки (над 5 години) е бубрежна болест. Некои од најчестите болести кај мачките се:

Мачкина леукемија (FeLV) – вирус што доведува до ослабување на имунолошкиот систем; Мачкина имунодефициенција (FIV) – вирус сличен на ХИВ кај луѓето, што го ослабува имунолошкиот систем и ги прави мачките подложни на инфекции; Дијабетес – метаболичко нарушување предизвикано од недостаток или отпорност на инсулин, што доведува до високи нивоа на шеќер во крвта; Хипертироидизам – состојба кога тироидната жлезда произведува зголемени количества на хормони, што влијае на метаболизмот; Бубрежна болест – честа појава кај постарите мачки, што доведува до постепено намалување на функцијата на бубрезите и бубрежна слабост; Срцев црв – паразит кој се пренесува преку комарци и примарно ги зафаќа белите дробови кај мачките; Беснило – фатално вирусно заболување кое го зафаќа нервниот систем, може да се превенира со вакцинација. Мачката како тема во уметноста и во популарната култура

Мачката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Мачката како тема во книжевноста мини|Домашна мачка мини|Младенче на персиска мачка „Приказна за мачката“ – приказна на африканското племе Свахили.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 122-123. „Кокошката и мачорот“ – приказна на африканското племе Басумбва.Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 185-186. „Куцото петле и мачорот“ - македонска народна приказна.Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 29-32. „Круг“ — кус расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 16-21. „Ах, тоа маче“ - расказ за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 31-37. „Мачката и кралот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 23. „Мачорот и птиците“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 34. „Жена и мачка“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.Pol Verlen, Pesme. Beograd: Rad, 1969, стр. 14-15. „Мачор на покривот“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 35. „Црн мачор“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. „Лисицата и мачката“ – сказна на браќата Грим.Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980. „Јунаштво според јадењето“ — басна на Ристо Давчевски.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 44. „Пријателство“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 41-42. „Мачиња — забавачиња“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 43-44. „Папагалот и мачката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 95. „Мачорот крак шпоретот“ — песна на македонскиот поет Иван Ивановски.Иван Ивановски, Ах ти мило детенце. Култура, Скопје, 1980, стр. 1. „Четирите мачки“ (српски: Четири мачке) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 114. „Ќе има игранка“ (српски: Биће игранка) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 73-74. „Концерт“ - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 75. „Кукањето на мачката“ (српски: Мачково јадање) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 76-77. „Куќата на сивиот мачор“ - збирка раскази на бразилскиот писател Рибејро Коуто од 1922 година.Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 286. „Волкот и мачорот“ — басна на Иван Андреевич Крилов.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 25-26. „Чуден мачор“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 40. „Размаѓепсан свет“ — расказ на српската писателка Јелена Ленголд.Jelena Lengold, Raščarani svet (drugo izdanje). Arhipelag, Beograd, 2018, стр. 83-90. „Ева е во својот мачор“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 183-194. „Мачка во магла“ - книга на македонскиот писател Владимир Мартиновски.Пандалф Вулкански, Текстилна поема. Темплум: Скопје, 2017. „Големата авантура на Фигаро“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.„Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 22-24. „Мачето на Господ Бог“ - расказ на руската писателка Људмила Петрушевска.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 311-315. „Петтоглава вечерна сказна за куклениот цар со тиква празна врз празните сандаци од мармалад, за црното маче Мау-Мау и за беззабиот пес од плоштад“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 80-83. „Мачката и птицата“ — песна на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 50. „Мачор на клупата“ — песна на Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 140. „Мачор-астроном“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 11. „Црна мачка“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 36. „Cat's Avanger“ - расказ на романскиот писател Алекс Точилеску.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 365-373. „Мачка со исклучителна убавина“ - расказ на руската писателка Људмила Улицка.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 65-78. „Мачка на дождот“ - расказ на американскиот писател Ернест Хемингвеј.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 37-41. „Мачор“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 42.