мини|250п|Валенсискиот залив во рамките на западното Средоземје. На оваа карта за северна граница е земена делтата на Ебро. Валенсиски Залив (, ) — залив во западниот дел на Средоземното Море, сместен на источниот брег на Шпанија. Неговите граници се ’ртот Нао на југ и разновидни на север: според некои, тоа е Винароскиот ’Рт; други за јужна граница ја сметаат делтата на Ебро. Ако за граница се земе Винароскиот ’Рт, заливот наполно лежи во автономната заедница Валенсија. Ако се земе делтата на Ебро, тогаш северното крајбрежје лежи во Каталонија.

Во заливот се наоѓаат малите островчиња Колумбретес. Валенсискиот Залив е располовен од нултиот меридијан.

Географија Брегот долж Валенсискиот Залив е рамен, со песочни плажи. Особено својствени на него се крајбрежните мочуришта со естуарот Албуфера. Тој е значајно моклиште според Рамсарскиот договор.

Подрачјето на заливот е меѓу најдобрите примери на средоземната клима во Шпанија. Брегот е густо населен, меѓу најгустите места во Шпанија.

Стопанство До заливот се протегаат ниски плодни земјишта на кои се одгледуваат ориз и агруми. Најголема улога игра овоштарството — се произведуваат големи количества портокали и лимони.

Во подрачјето стопанисува британско нефтено претпријатие со нафтени платформи на поле со површина од . Постојат негодувања околу крајбрежно дупчење како еколошки штетно.Guardian: "Cairn Energy gets permit to drill in Gulf of Valencia".

Поврзано Валенсија (автономна заедница) Балеарски Острови

Наводи

Категорија:Заливи во Средоземното Море Категорија:Заливи во Шпанија Категорија:Крајбрежја на Шпанија Категорија:Географија на Валенсија Категорија:Географија на Каталонија