Кралство Хиџаз и Неџд (), прво наречено Кралството Хиџаз и Султанат Неџд (арапски: ) ― дуална монархија на Арапскиот Полуостров основана во 1925 година по освојувањето на Хашемитското Кралство Хиџаз од страна на саудискиот Султанат Неџд.

Во 1932 година, двете кралства се обединиле под името Кралство Саудиска Арабија.

Историја На 8 јануари 1926 година, во Месџид ел-Харам во Мека Абдулазиз, султанот од Неџд, бил крунисан за крал на Хиџаз и тој на 29 јануари 1927 година Неџд го издигнал до статус на кралство.Joseph Kostiner. (1993). The Making of Saudi Arabia, 1916–1936: From Chieftaincy to Monarchical State. Oxford University Press US, , p. 104. Со Договорот од Џеда од 20 мај 1927 година, државата на Абдулазиз била призната од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и била наречена Кралство Хиџаз и Неџд.Hejaz And Nejd

Во следните пет години, Абдулазиз владеел со двата дела од неговото дуално кралство како посебни ентитети. На 23 септември 1932 година, Абдулазиз го прогласил сојузот на главните саудиски доминиони Ел-Хаса, Катиф, Неџд и Хиџаз под името Кралство Саудиска Арабија.

Надворешна политика Поради блиските односи со Обединетото Кралство која го снабдувала со оружје, Кралството Хиџаз и Неџд можело да ја спроведува својата експанзионистичка политика. За време на кралот Абдулазиз, Хиџаз се повлекол од Лигата на народите.The First Soviet Peacemaking Initiative

Во 1926 година, Сојузот на Советските Социјалистички Републики го признале Кралството Хиџаз и Неџд. Соединетите Американски Држави го пизнале во 1931 година. Веќе во 1932 година, Обединетото Кралство, Франција, СССР, Турција, Царската Држава Иран, Кралството Италија и Холандија имале амбасади во Џеда; Кралството Египет имало неофицијално конзуларно претставништво.

Владетели на Хиџаз и Неџд

Кралот на Хиџаз и Неџд (1926-1932)

Поткрал на Хиџаз (1926–1932)

Поткрал на Неџд (1926-1932)

Наводи

Извори

Статоиди - региони на Саудиска Арабија Светски државници - Саудиска Арабија

Категорија:Поранешни кралства Категорија:Политички режими во меѓувоениот период Категорија:Држави и територии распаднати во 1932 година Категорија:Држави и територии настанати во 1926 година Категорија:Поранешни монархии во Азија Категорија:Историја на Саудиска Арабија Категорија:Поранешни арапски држави