Ахмед Нијази-бег Реснели (, , 1873 — 17 април 1913) — отомански војник, политичар, учесник во Младотурската револуција кој воедно е и еден од почетниците на истата во 1908 година. По народност, тој бил Албанец.

Животопис left|150px|thumb|Четата на Нијази-бег. left|150px|thumb|Сарајот на Нијази-бег, денес Дом на културата во Ресен. мини|десно|250п|Нијази бег и Јане Сандански. Стојат: Мицо Врански, непознат турски чиновник, Таската Серски, д-р Авди бег и Димо Хаџи Димов, седат: Л. Козарев, Ахмед Нијази-бег, Јане Сандански, Тодор Паница и Георги Казепов Нијази-бег е роден во Македонија, во градот Ресен според кој го добива и прекарот Ресенли или во превод ресенчанец. Во армијата го добива чинот потполковник. Бил член на битолскиот комитет „Единство и прогрес“ и бил видно лице меѓу младотурците во Македонија. Со неговото одметнување во планина на 3 јули 1908 година започнала Младотурската револуција. На 5 јули упатил прокламација до христијанското население во Дебар, Преспа, Струга, Ресен и Охрид во кое го повикува на заедничка борба против султановиот апсолутизам.Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османлиското Царство“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 535-538 стр.

Во април 1909 година зема учество во задушувањето на контраударот против младотурците во Истанбул.

Во 1911 година учествувал во војната против Италија за Триполитанија.

Нијази-бег бил убиен во Валона, Албанија на 17 април 1913 година, од луѓе на султанот, на пат за Истанбул. Според друга верзија тој е убиен во Драч, качувајќи се на брод.Хамза, цит. дело, 148 стр. Според Петар Чаулев, Нијази-бег не бил убиен по нечие решение, туку поради лична омраза и одмазда.П. Чаулевъ „Скипния (Албания)“, Цариградъ, 1924, 6 стр.

Сарајот на Нијази-бег во Ресен од 1978 година е Дом на културата.Resneli Niyazi Bey & Niyazi Resnelioğlu

Галерија

Наводи

Литература „Спомените на Нијази“, МАНУ, Скопје, 2011.

Надворешни врски Виктор Цветаноски „Уриетот бил за да не се отцепи Македонија?“

Категорија:Политичари од Ресен Категорија:Македонски Албанци Категорија:Активисти на Младотурската револуција Категорија:Отоманци од 20 век Категорија:Линчувани луѓе во Отоманското Царство Категорија:Починати во 1912 година Категорија:Отомански Албанци