десно|мини| Бети Хенингс како Нора во Кралскиот театар во Копенхаген, 1879 или 1880 година. Куќата на една кукла (норвешки: Et Dukkehjem) — драма во три чина на норвешкиот писател Хенрик Ибзен, напишана во 1879 година. Театарската претстава ја имала својата праизведба на 21 декември 1879 година во Копенхаген.
Акција Главна протагонистка е Нора, која е во брак со адвокатот Торвалд Хелмер и која очигледно живее во складен брак. Драмата зборува за бракот и пред сè за улогата на жената во него. Куќата на една кукла завршува кога Нора ќе го напушти својот дом за да може да стане личност, а не само кукла како што била дотогаш. Повеќето се главно изненадени од крајот. Причината што Нора ги напуштила сопругот и децата е нешто што во тоа време не се сметало за дел од женската природа.
Ликови Торвалд Хелмер, адвокат Нора Хелмер, неговата сопруга Нивните три деца Доктор Ранг Г-ѓа Кристина Линде Адвокатот Нилс Крогстад Ан-Мари, дадилка кај Хелмерови Слугинка Чистачка
Реакции Драмата предизвика расправи во целиот нордиски регион бидејќи се залагала за еманципација на жените. Тоа било важно театарско дело за радикалните писатели од 1880-тите кои го критикувале бракот, сексуалните норми и подредената положба на жената во општеството. Со ова дело Ибзен влијаел и на други писатели да пишуваат на оваа тема, на пр. Алфхилд Агрел во драмата Спасена (1882), која има свои основи во драмата на Ибзен, но со посилен песимистички поглед на можноста за женска еманципација и напредување. Август Стриндберг напишал многу критички одговор на Куќата на една кукла, во истоимениот расказ објавен во збирката раскази Оженети. Во целиот свет биле водени расправи за тоа што ѝ се случило на Нора кога го напуштила домот.http://www.nytimes.com/books/97/05/11/reviews/21513.html
Македонски превод На македонски јазик драмата е издадена во 2014 година од издавачката куќа Магор со наслов „Куќата на една кукла“. Драмата била издадена заедно со уште три други драми од Ибзен: „Столбови на општеството“, „Хеда Габлер“ и „Народен непријател“ во книга со наслов „Драми“, ИСБН: 978-608-223-422-9.
Наводи
Надворешни врски
Куќа за кукли од Хенрик Ибзен
Категорија:Драмска уметност Категорија:Книги од 19 век Категорија:Драми од 1879 година Категорија:Драми од Хенрик Ибзен