И-Ти вонземјанинот (), познат и како Вонземјанин — научнофантастичен филм од 1982 година во режија на Стивен Спилберг (Steven Spielberg), кој е и еден од продуцентите. Авторка на сценариото е Мелиса Метисон (Melissa Mathison), а главните улоги ги играат: Ди Волас-Стоун (Dee Wallace-Stone), Хенри Томас (Henry Thomas), Питер Којоти (Peter Coyote), Роберт Мекмотон (Robert MacMaughton) и Дру Баримор (Drew Barrymore). Филмот, кој првпат бил прикажан на Канскиот фестивал надвор од службената програма, постигнал голем успех кај публиката и остварил голема заработка, а списанието „Entertainment Weekly“ го ставил на списокот на дваесете најдобри филма на сите времиња. Меѓу занимливостите е тоа што Спилберг го снимал филмот по хронолошки редослед за да оствари подобро соживување на глумците со нивните улоги (особено на децата), а дури 10 % од вкупниот буџет од 1,5 милиони долари биле потрошени на специјалните ефекти. Филмот бил предложен за наградите „Оскар“ во девет категории, а победил во четири.E.T. - Izvanzemaljac, američki film (1982.) (пристапено на 1.1.2025) Освен тоа, филмот освоил и бројни други награди. Инаку, филмот ја раскажува приказната за момче што се спријателува со дружељубив вонземјанин.
Содржина За време на една ноќна посета на Земјата, екипажот на еден вселенски брод случајно го заборава еден член. Детето Елиот (го игра Томас) го пронаоѓа вонземјанинот и го сокрива во својата соба, а својата тајна им ја кажува само на братот и сестрата, кои веднаш ќе го засакаат необичниот гостин. Свесни дека вонземјанинот не може да остане на Земјата, децата решаваат да му помогнат да стапи во контакт со својата планета...
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови на Стивен Спилберг Категорија:Филмови од 1982 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Филмови со Ди Волас-Стоун Категорија:Филмови со Хенри Томас Категорија:Филмови со Питер Којоти Категорија:Филмови со Роберт Мекмотон Категорија:Филмови со Дру Баримор Категорија:Американски филмови Категорија:Американски научнофантастични авантуристички филмови