Современата руска азбука (рус. русский алфавит, русская азбука) е варијанта на кирилицата. Почнала да се употребува во Киевската Рус за време на нејзината христијанизација (988), или пак, доколку некои наоди се точно датирани, малку порано.
Тука азбуката е прикажана печатно. Ракописните руски букви се поинакви.
Азбука
Руската азбука е следнава: ()
Буква Ракописно Закосено Назив Стар назив МФА Македонски Примери Бројчена вредност Уникод (Хекс) А а А "два" 1 U+0410 / U+0430 Б б или Б "обајца" – U+0411 / U+0431 В в или В "вода" 2 U+0412 / U+0432 Г г или Г "година" 3 U+0413 / U+0433 Д д или Д "да" 4 U+0414 / U+0434 Е е , или Је "не" 5 U+0415 / U+0435 Ё ё – или Јо"еж" – U+0401 / U+0451 Ж ж .}} Ж"бубачка" – U+0416 / U+0436 З з или З "топлина" 7 U+0417 / U+0437 И и , , или И "или" 8 U+0418 / U+0438 Й й 'short i' Ј"мој" – U+0419 / U+0439 К к или К "кој" 20 U+041A / U+043A <big> Л л () () или Л "зрак" 30 U+041B / U+043B М м . или М "меч" 40 U+041C / U+043C Н н или Н "но" 50 U+041D / U+043D О о О "тој" 70 U+041E / U+043E П п или П "под" 80 U+041F / U+043F Р р или Р "река" 100 U+0420 / U+0440 С с или С "ако" 200 U+0421 / U+0441 Т т или Т "тоа" 300 U+0422 / U+0442 У у У "грмушка" 400 U+0423 / U+0443 Ф ф или Ф "самовила" 500 U+0424 / U+0444 Х х или Х "дух" 600 U+0425 / U+0445 Ц ц Ц "крај" 900 U+0426 / U+0446 Ч ч Ч"час" 90 U+0427 / U+0447 Ш ш Ш"ваш" – U+0428 / U+0448 Щ щ , Ш или Шч"образ" – U+0429 / U+0449 Ъ ъ 'hard sign' ’ "објект" – U+042A / U+044A Ы ы ’ И"ти" – U+042B / U+044B Ь ь 'soft sign' </td> "сѐ" – U+042C / U+044C Э э Е "ова" – U+042D / U+044D Ю ю или Ју "југ" – U+042E / U+044E Я я or Ја "ред" – U+042F / U+044F
Самогласните букви претставуваат и „тврди“ и „меки“ (палатализирани, во МФА претставени како < >) фонеми, зависно (со извесни исклучоци) од тоа дали следат јотирани или омекнувачки самогласки. The transcriptions of the names of the letters attempt to reflect the reduction of non-stressed vowels.
Букви отфрлени во 1918 БукваРакописноЗакосеноНазивСтар називМФАМакедонскиСлична руска букваПримери Бројчена вредност Уникод (Хекс) І і – , , или И Како или стихотворенія (сега се пишува стихотворения)"стихотворби" 10 U+0406 / U+0456 Ѣ ѣ – или Е Како Алексѣй (сега се пишува Алексей)Алексеј – U+0462 / U+0463 Ѳ ѳ – или или безгласно /θ/ Ф Како орѳографія (сега се пишува орфография)"ортографија" 9 U+0472 / U+0473 Ѵ ѵ – или И Обично како мѵро (сега се пишува миро)"миро" 400 U+0474 / U+0475
<і>, по изговор идентично на <и>, било користено исклучиво веднаш пред други самогласки и <й> (на пример, „патріархъ“ , 'патријарх') и зборот „міръ“ ('свет') и од нив изведените зборови, за разликување од зборот „миръ“ ('мир').
<> („фита“), од грчката тета, по изговор била идентична на <ф>, но имала етимолошка употреба (на пример, „Ѳёдор“).
<> („јат“) првично имал свој посебен звук, но до средината на XVIII век станал по изговор идентичен на <е> во стандардниот јазик. Од неговото исфрлање во 1918, тој останал политички симбол на стариот правопис.
<> („ижица“), од грчкиот ипсилон, по изговор била идентична на <и>, како кај византискиот грчки, но се користел етимолошки; до 1918 станала многу ретка.
Букви вон употреба до 1750 БукваРакопискоЗакосеноНазивСтар називМФАМакедонскиСлична руска букваПримери Бројчена вредност Уникод (Хекс) – Ѕ ѕ – или Ѕ Како sѣлѡ (не се користи повеќе) "многу" 6 U+0405 / U+0455 – Ѯ ѯ – или Кс Како кс 60 U+046e / U+046f – Ѱ ѱ – или Пс Како пс 700 U+0470 / U+0471 – Ѡ ѡ – Како о Како 800 U+0460 / U+0461 Ѫ ѫ – или Како ј или ју Како – U+046a / U+046b Ѧ ѧ – или Како ја Како 900 U+0466 / U+0467 – Ѭ ѭ – или Како ју Како – U+046c / U+046d – Ѩ ѩ – или Како ја Како – U+0468 / U+0469
<> и <> се грчки букви кси и пси, во етимолошка, иако недоследна употреба, во световни текстови до XVIII, и подоследно до денешен ден во црковнословенскиот јазик.
<> е грчката буква омега, по изговор идентична на <о>, се користела во световни текстови до XVIII век, а до ден денес во црковнословенскиот, главно за разликување на флексивни форми кои инаку би се пишувале исто.
<> соодветна на поархаичниот изговор (до ден денес присутен во македонскиот како „ѕ“), веќе била неприсутна на почетокот на историјата на источнословенските јазици, но по традиција била одржувана во извесни зборови во световните текстови до XVIII век, а истата продолжува да се употребува во црковнословенскиот до денес.
Јусовите станале нерелевантни на почетокот на историјата на источнословенските јазици, но сепак биле воведени заедно со кирилицата. Буквите <> и <> во главно исчезнале до XII век. Нејотираната <> продолжила да се користи, етимолошки, сѐ до XVI век. Од тогаш, па натаму имала улога само календарска улога во пасхалните таблици. Буквите <> и <> и натаму се користат во црковнословенскиот јазик.
Буквата <> била прилагодена за означување на јотирано <я> во средината или крајот на зборот; современат абуква <я> е адаптација на нејзината ракописна форма од XVII век, зачувана со правописната реформа од 1708.
Сѐ до 1708, јотираното се пишувало како <ıa> на почетокот на зборот. Оваа разлика помеѓу <> и <ıa> се прави и денес во црковнословенскиот.
Непалатализирани букви
Тврдиот знак <ъ> се користи за одделување на претставки од престојна јотирана самогласка. Првичниот изговор, кој се изгубил најдоцна до 1400 година, бил мошне краток шва-звук (како во бугарскиот), но веројатно изговаран како или
Мекиот знак <ь> означува палатализација на претходната согласка. Ова е од важност бидејќи палатализацијата во рускиот јазик е фонемска. На пример, „брат“ ('брат') за разлика од „брать“ ('зема').
Првичниот изговор на мекиот знак, кој се изгубил најдоцна до 1400, бил многу кратка предна скретена самогласка но веројатно се изговарала како или . Во современиот јазик сѐ уште постојат остатоци од ова древно читање, во коегзистентните варијанти на постоечки имиња, кои се читаат различно, како во името Марья и Мария (Марија).
Самогласки
Самогласките <е, ё, и, ю, я> нзначуваат дека им претходи палатална согласка и со исклучок на <и>, тие се јотираат (се изговараат со претходно ) кога стојат на почеток на зборот или по друга самогласка (почетното <и> се јотирало до XIX век). Прикажаните самогласки по МФА се само водич, и по некјогаш се реализираат како други звуци, особено кога се ненагласени. Меѓутоа, <е> се користи во позајмени зборови без палатализација и означува . Овие зборови мораат да се научат напамет (за да се избегне користење на <э> по согласка), и <я> често се реализира како помеѓу меки согласки, како кај „мяч“, ('топка-играчка').
<ы> е стара прасловенска времепоказателна самогласка, најдобро зачувана во рускиот јазик. Првобитно била назализирана на извесни позиции.
<э> била воведена во 1708 за разликување на нејотираната/непалатализирачката буква од јотираната/палатализирачката. Првично се користело <е> за нејотирани , <> или <> за јотирани, но до XVI век <> било исфрлено. Кај руските (нестрански) зборови, <э> го наоѓаме само на почеток на зборот, но во друг случај може да се најде секаде, како за пишување на странски имиња и други позајмени зборови.
<ё>, ја вовел Николај Карамзин во 1797, и го означува звукот кој историски се развил преку нагласеното , процес кој продолжува и ден денес. Во пишувањето, буквата <ё> е изборна: формално правилно е да се пишува <e> и за и за . Постоеле неколку обиди за задолжителна употреба на <ё>, но ниеден не успеал.
Бројчени вредности Бројчените вредности на буквите соодветствуваат со грчките броеви, со тоа што <> се користел за дигама, <ч> за копа и <ц> за сампи. Во световната употреба овој систем бил напушптен во 1708, по транзиционен период од околу еден век; и понатаму се користи во црковнословенскиот јазик.
Тастарурен распоред Тастатурниот распоред на руските букви за Microsoft Windows компјутери е:
540px|Руски тастатурен распоред
Поврзано Руски јазик Руска фонологија Кирилица Реформи во рускиот правопис Руско ракописно писмо Руски правопис Црковнословенски јазик
Наводи П. Смирновскій. Учебникъ русской грамматики. Часть І. Этимологія 26 изд. — Правило 4 за пишување і на стр. 4. Макс Фасмер, Руски етимолошки речник — етимологија на рускиот збор мир (свет, мир"), пронајдена при барање на резултати за зборот мир на он-лајн верзија на рускиот превод на речникот (пристап. 16 октомври 2005). Научете ја руската азбука
Надворешни врски Зборовни игри за транслитерација Он-лајн руска тастарура Он-лајн руска лекција - Азбука Он-лајн руска лекција Едновремен транслитератор Слободен транслитератор од англиски кон руски распоред на тастатура
Азбука Категорија:Кирилични азбуки
de:Kyrillisches Alphabet#Russisch