The Indian Forester (во превод Индискиот шумар) ― рецензирано научно списание кое покрива истражувања во шумарството. Тоа е едно од најстарите списанија за шумарство кои сè уште постојат во светот. Основано е во 1875 година и е објавувано од Индискиот совет за шумарско истражување и образование.
Историја The Indian Forester било основано на конференцијата за шумарство одржана во Алахабад во јануари 1874 година. Списанието е основано од сер Дитрих Брандис, со Вилијам Шлих како прв почесен уредник.
Поврзано
Список на списанија за шумарство
Наводи
Надворешни врски
The Indian forester, издание од јануари 1893 година (семрежно) на Archive.org The Indian forester, Vol XXIV, 1898
Категорија:Академски списанија воспоставени во 1875 година Категорија:Списанија за шумарство Категорија:Шумарство во Индија Категорија:Списанија на англиски јазик Категорија:Месечни списанија Категорија:Академски дневници објавени од учени и професионални друштва во Индија Категорија:Никулци за научни списанија Категорија:Никулци за шумарство