„Пролетни авантури“ — книга за деца (сказни) на македонскиот писател Велко Неделковски од 1985 година. Книгата е објавена од издавачката куќа „Детска радост“, како 31. книга во библиотеката „Другарче“. Книгата, со обем од 153 страници, е испечатена во РО НИП „Нова Македонија“, ООЗТ Печатница, во тираж од 2 050 примероци. Автор на корицата е Владо Јоциќ, додека илустрациите во книгата ги нацртал Мишо Рогановиќ. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ — Скопје. На конкурсот распишан по повод 40-годишнината на детскиот печат во СР Македонија, книгата ја освоила првата награда за сказни.Велко Неделковски, Пролетни авантури. Скопје: Детска радост, 1985.
Содржина Книгата има 13 глави во кои се раскажува за доживувањата на мачорот Манилко.Велко Неделковски, Пролетни авантури. Скопје: Детска радост, 1985.
Наводи
Категорија:Дела на Велко Неделковски Категорија:Детска книжевност Категорија:Книги од 1985 година Категорија:Македонски дела од 1985 година Категорија:Книги на македонски јазик Категорија:Појавено во 1985 година во Македонија Категорија:Изданија на Детска радост