Распнувањето со Богородица, Свети Јован и Света Марија Магдалена — слика на Антонис ван Дајк. Ја наслика во 1617–19 година како висок олтар на језуитската црква во Берг, во близина на Денкерк, во времето кога бил помошник сликар кај Петер Паул Рубенс — долго време сликата дури и му се припишувала на Рубенс. Истата му била платена на Рубенс во 1621 година и се чини дека била продадена околу 1746 година. Била купена од Луј XV во Антверпен во 1749 година за да биде висок олтар на Сен Луј де Версај во Версајската палата. Денес се наоѓа во Лувр, во Париз.
Надворешни врски http://cartelfr.louvre.fr/cartelfr/visite?srv=car_not_frame&idNotice=4931
Категорија:Слики на Пресвета Богородица Категорија:Слики од Антонис ван Дајк Категорија:Уметнички слики од 1619 година Категорија:Слики во Лувр