мини|Награда „Стојан Христов“ Награда „Стојан Христов“ — награда за македонски поети иселеници.
Историјат
Наградата „Стојан Христов“, востановена во 2010 година, е престижна награда која секоја година се доделува за најдобра поетска збирка од поет иселеник. Наградата го носи името на Стојан Христов, познат писател, новинар и публицист кој поголемиот дел од својот живот живеел и творел во САД. Наградата ја спонзорира Агенцијата за иселеништво и се доделува во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
Добитници на наградата „Стојан Христов“
2010 — Елизабета Петровска (Хрватска), за збирката „Солзи полни насмевки“. 2011 — Душан Ристески (Австралија), за збирката „Украдени мисли“. 2012 — Ивица Челиковиќ (Шведска), за збирката „Праг и огледало“. 2013 — Иван Трпоски (Австралија), за збирката „Угрејсонце во мојот сон“. 2014 — Лилјана Стоилковска Андовска (Шведска), за збирката „Анатомија на чувствата“ 2015 — Снежана Алексиќ-Станојловиќ (Србија), за збирката „Ода за Орфеј“. 2016 — Искра Пенева (Србија), за збирката „Некаде помеѓу”. 2017 — Жаклина Михајлова (Австралија), за збирката „Руен". 2018 — Наум Трајчески (Австралија), за збирката „Одминато време". 2019 — Сузана Ѓорушевска (Шведска), за збирката „Гребнатини на душата“. 2020 — Тања Кармзова-Костиглиола (Франција), за збирката „Дваесет и еден грам". 2021 — Емил Попорданоски (Австралија), за збирката „Во прегратките на љубовта“. 2022 — Емилија Тодорова (Австралија), за збирката „Гравитација". 2023 — Ирена Павлова-Де Одорико (Италија), за поемата „Светец“. 2024 — Владо Јаневски (Австралија), за збирката „На грбот на неповратот“. 2025 — Ратка Колева-Дамњановиќ (САД), за збирката „Кораб“.
Наводи
Категорија:Струшки вечери на поезијата Категорија:Награди:Книжевност:Македонија Категорија:Македонски литературни награди