1309 Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција. 1801 Александар I станал цар на Русија. 1806 Англија ја забранила трговијата со робови. 1821 Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата. 1879 Започнала јужноамериканската Тихоокеанска војна. 1918 Литванија се здобила со независност. 1919 Во Милано, Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење. 1933 Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања. 1950 Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата. 1956 Пакистан станал исламска република 1994 Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава. 1996 Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил. 2003 Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ. 23 март
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 23 март (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.