Средновековни споменици во Косово (; Српски: Средњовековни споменици на Косову) — место на светско наследство кое се состои од четири српски православни христијански цркви и манастири кои го претставуваат спојот на источната православна византиска и западната романска црковна архитектура за да го формираат палеолошкиот ренесансен стил. Изградбата е основана од членовите на династијата Немањиќ, најважната династија на Србија во средниот век. Локациите се наоѓаат во Косово.

Во 2004 година, УНЕСКО го призна Дечанскиот манастир за неговата извонредна универзална вредност. Две години подоцна, местото на наследството било проширено како сериска номинација, за да вклучи уште три верски споменици: Патријаршијата во Пеќскиот манастир, Пресвета Богородица од Љевиш и манастирот Грачаница.

Во 2006 година имотот бил впишан на листата на светско наследство во опасност поради тешкотиите во неговото управување и конзервација кои произлегуваат од политичката нестабилност во регионот.World Heritage Committee puts Medieval Monuments in Kosovo on Danger List and extends site in Andorra, ending this year’s inscriptions, UNESCO World Heritage Centre, July 13, 2006.

Контроверзност на УНЕСКО Во тек е полемика околу кандидатурата на Косово да се приклучи на УНЕСКО, што би резултирало со тоа локалитетите да бидат наведени како дел од Косово, а не како дел од Србија. Овие споменици биле нападнати, особено за време на етничкото насилство во 2004 година, за време на владеењето на УНМИК на Косово, кога Богородица од Љевиш била тешко оштетена. Во октомври 2015 година Косово било препорачано за членство од страна на Извршниот одбор на УНЕСКО. Понудата за членство била изгласана на Генералната конференција на УНЕСКО во ноември 2015 година.

УНЕСКО не го прифатил Косово како членка, предлогот не успеал да добие двотретинско мнозинство на Генералната конференција на организацијата во Париз на 9 ноември 2015 година. Една од основните причини за ваквото отфрлање на албанското барање се немирите во 2004 година на Косово, кога 35 православни цркви биле осквернавени, оштетени или уништени,RIC, RECONSTRUCTION IMPLEMENTATION COMMISSION FOR ORTHODOX RELIGIOUS SITES IN KOSOVO ACTIVITY REPORT вклучувајќи ја и Пресвета Богородица од Љевиш која е Светско наследство.For details and photos see here: http://www.spc.rs/eng/prizren_our_lady_ljevis_xiv_century_burnt_inside_photo_2232004 Црквата е подложна на постојан грабеж - дури и од нејзиниот градежен материјал, конкретно вредно олово постојано е крадено од покривот.See the link:

Галерија

Поврзано

Уништување на српското наследство на Косово

Наводи

Надворешни врски

Средновековни споменици во Косово на официјалната локација на УНЕСКО Средновековни споменици во Косово, Национална туристичка организација на Србија Средновековни споменици во Косово , „Учи го светот“

Категорија:Србија во средниот век Категорија:Историја на Косово