мини|295x295пкс|Солт Беј во 2018 г. Нусрет Ѓокче (; р. 9 август 1983 г.), попознат по прекарот Salt Bae (се чита: Солт Беј, salt — „сол“; и bae — „душо, бебе“) — турски месар, готвач и угостител, кој стекнал слава на семрежјето во јануари 2017 г. поради неговиот исклучителен начин на подготовка и зачинување месо, што довело до создавање на семрежен мем. Тој е основач на Nusr-Et, низа раскошни установи за бифтеци. Од 2021 г., Nusr-Et има претпријатија во Турција, Грција, САД, Обединетото Кралство, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија. Името на ланецот ресторани е изведено од неговото име и „Et“, што во превод значи „месо“ на турски.
Ран живот Нусрет Ѓокче е роден во Пашала, село во областа Шенкаја во покраината Ерзурум, во курдско семејство. Неговиот татко, Фаик, бил рудар. Финансиите на семејството го принудиле да го напушти училиштето во шесто одделение (на возраст од 11–12 години) за да работи како чирак на месар во областа Кадиќој во Истанбул.
Наводи
Надворешни врски
It’s All About the Elbow
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Угостителство