Станбена зграда на Бојаџиеви — зграда во скопската населба Дебар Маало. Таа е прогласена за Споменик на културата под називот Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82.

Историја Зградата била проектирана во 1938 година, по проект на архитектот Кирил Жерновски, а подоцна во 1938 година, фасадно била обликувана од страна на архитектот Јан Дубови.

Зградата била прогласена за значајно културно наследство врз основа на Уп. бр. 18-528 од 9 октомври 2015 година.

Архитектура и особености Зградата има соседни згради од двете страни. Таа се состои од сутерен, приземје, кат и поткровје. Зграда во основа е во облик на буквата „Г“, правејќи двор кон север. Уличната фасада го следи фронтот во линија на блокот, додека задната фасада е ориентирана кон дворот. Чистата геометрија на волуменот и академизмот на фасадните платна, се оживеани со употреба на елементи од македонската градителска традиција. Од вториот и третиот кат, еркерно се испуштаат чардаци – тераси со дизајнирана ограда и тенки украсни столбови, над чии капители се поставени вути. Оваа пластика, дополнително е нагласена преку испуштањето на покривната стреа во линија на прекршувањето на фасадната линија. Дополнително се појавуваат тераси и на источната и северната фасада ориентирани кон атриум и заден двор на приземје и прв кат, додека на на поткровјето, во задната зона се појавува покривна проодна тераса, пристапна од предниот волумен.

Поврзано Зграда на бул. „Илинден“ бр. 41 Зграда на Детски културен центар „Карпош“ (бул. „Илинден“ бр. 53) Зграда на бул. „Илинден“ бр. 63 Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68 Рубенова палата (Зграда на бул. „Илинден“ бр. 80) Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 83а Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 88 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 108 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 109 Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115 Зграда на Министерството за култура Зграда на ул. „Аминта Трети“ бр. 17 Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 88 Зграда на ул. „Раде Кончар“ („Живко Чинго“/„Боемска“) бр. 4а Зграда на Ташковиќ Зграда на Кубеш

Наводи

Надворешни врски

Службено мрежно место на Управата за заштита на културното наследство

ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82 Категорија:Дебар Маало ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82 Категорија:Појавено во 1939 година во Македонија