Примоштен (хрватски: Primošten; , Капочесто) — името на селото и општината во Шибенско-книнската жупанија, Хрватска. Се наоѓа на југ, помеѓу градовите Шибеник и Трогир, на јадранскиот брег.
Демографија Вкупното население на општината е 2.828 (од пописот 2011 година), распоредено во следните населени места:
Крушево со 79 жители Ложнице со 44 жители Примоштен со 1,631 жители Примоштен Бурњи со 739 жители Широке со 154 жители Вадаљ со 93 жители Везац со 88 жители
Историја Во минатото, Примоште се наоѓал на островчето блиску до копното. За време на османлиските инвазии во 1542 година, островот бил заштитен со ѕидини и кули, а мостот го поврзувал со копното. Кога Османлиите се повлекле, мостот за извлекување бил заменет со насипот и во 1564 година населбата го добила името Примоште по хрватскиот глагол primoštiti (да премости).
Изграден е на рид и во него доминира парохиската црква „Св. Ѓорѓи“ која била изградена во 1485 година и обновена во 1760 година во близина на мештанските гробишта од кои се простира уникатен поглед кон морето и околината.
Наследство Примоштен е познат по огромните и прекрасни лозја. Фотографија од лозјата на Примоште висела во седиштето на ОН во Њујорк. Освен по лозјата, Примоштен е познат и по традиционалната трка со магариња која е одржувана таму секое лето. Најголемата плажа во Примоште се вика Радуча, а нејзиниот помал дел, Мала Радуча, е избрана за една од 10-те најубави плажи во Хрватска. Лозовите насади во оваа област моментално се разгледувани да станат светско наследство на УНЕСКО.UNESCO - Primosten
Култура и настани Манифестацијата наречена „Primoštenske užance“ е одржувана секоја година во средината на летото во Примоште. Станува збор за традиционален фолклорен фестивал на кој Примоштанците ја изложуваат својата култура и некогашниот начин на живеење во селото.
Галерија
Спорт
ЈК Примоштен (едрење) МНК Примоште (футсал) РК Спонгиола (скокови во вода) ВК Примоштен (ватерполо) БК Примоштен (велосипедизам)
Поврзано
Привремен список на места на светско наследство во Хрватска
Наводи
Надворешни врски
Picture gallery Coast view at Dolac u Primoštenu. Дел од Општина Примоштен.
Категорија:Населени места во Шибенско-книнската жупанија Категорија:Општини во Хрватска Категорија:Населени крајбрежни места во Хрватска