мини|246x246пкс|Радар од системот „Железна купола“ Железна купола () — израелски противвоздушен систем што работи во сите временски услови. Системот е развиен од израелската фирма Rafael (Rafael Advanced Defense Systems). Тој е проектиран да пресретнува и уништува ракети со краток дострел и артилериски гранати истрелани од далечина од 4 до 70 километри, чија траекторија завршува во населени места. Израел се надева дека ќе го зголеми дострелот на „Железната купола“ од сегашните 70 километри на 250 километри и ќе го усоврши системот за да може истовремено да соборува проектили што доаѓаат од две различни насоки.

Наводи

Надворешни врски

Rafael и Israel Aerospace Industries

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Ракети Категорија:Израел