Вулингјуен (кинески 武陵源) — живописна и историска област во округот Вулингјуен, југосредишна кинеска покраина Хунан. Во 1992 година, бил впишан во Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Повеќе од 3.000 кули и врвови од кварцитен песочник се во областа, високи над 200 метри, заедно со многу дервени и клисури со привлечни потоци, езера, реки и водопади. Тука се наоѓаат 40 пештери, многу со големи наслаги на калцит и два природни моста, Шјанреншјиао (Мост на Бесмртните) и Тианчјиашенгконг (Мост над Небото), еден од највисоките природни мостови на светот.
Областа лежи помеѓу во местото Џангџјиаџјие и околу 270 километри северозападно од Чангша, главниот град на покраината Хунан. Паркот зафаќа површина од 690 квадратни километри. Вулингјуен е дел од планинскиот венец Вулинг. Природната област се состои од четири национални паркови, Народен шумски парк Џангџјиаџјие, природен резерват долина Суоши, природен резерват Тианџи и неодамна додаденото подрачје Јангџјаџје. Има повеќе од 560 знаменитости што треба да се видат.
Галерија
Наводи
Надворешни врски China’s Ancient Skyline
Категорија:Хунан Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:Национални паркови во Кина Категорија:Координати на Википодатоците