Округ 9 () — научнофантастичен игран филм од 2009 г., првиот игран филм на Нил Бломкамп. Напишан е од самиот Бломкамп, сосценарист е Тери Тачел, а произведен е од Питер Џексон и Каролин Канингем. Филмот е заеднички создаден од филмски студија во Нов Зеланд, САД и Јужна Африка. Главните улоги ги толкуваат Шарлто Копли, Џејсон Коуп и Дејвид Џејмс.

Филмот започнува во 1982 г., кога над Јоханесбург се појавува вонземјански вселенски брод. Таму е откриено население на изнемоштени вонземјани, а јужноафриканската влада ги сместува во бегалски логор наречен Округ 9. Дваесет години подоцна, кога ќе се донесе одлука за префрлување на забележливо намножените вонземјани во друг логор, еден од нив намислува да побегне од Земјата со својот син, но случајната средба со раководителот на програмата за преместување, Викус ван де Мерве, ги нарушува нивните планови.

Содржина Во март 1982 г., огромен вонземјански вселенски брод се појавува над Јоханесбург, Јужна Африка. Откако повредата на бродот го оневозможува работењето, екипата се пробива во бродот каде што открива голем број инсектоидни вонземјани и ги засолнува на Земјата во логор наречен Округ 9.

На почетокот на дваесет и првиот век, јужноафриканската влада одлучува да го премести логорот во новосоздадениот Округ 10, за која била задолжена фирмата МНУ, за која работи и Вилкус ван де Мерве. Откако доаѓа во допир со таинствена супстанца што тројца вонземјани ја собирале со години, ДНК-та на Вилкус почнува да се менува. Вилкус тргнува во авантура за да им помогне на вонземјаните да стигнат до нивниот брод и да се вратат на нивната планета.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови на англиски јазик