Киро Чучуков-Себура (Киро Ќучук) ( во – во Речани, ) – македонски младински партиски активист пред војната, организатор на НОД во Велешко и првоборец.
Животопис
Веднаш по окупацијата собирал оружје, разнесувал партиски пропагандни материјали и вршел курирска работа во градот и околината. Еден од првите борци на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ од мај 1942 година и учесник во сите борбени судрувања со бугарската полиција.
Од септември 1942 година ја извршувал курирската должност. По враќањето од кумановскиот на велешки терен, во почетокот на 1943 година бил откриен од бугарската полиција и ликвидиран, заедно со Нонча Камишова, Стојан Бурчевски - Буридан, Јордан Јорданов и Киро Неделков.Ѓорѓи Малковски, „Речани – последната битка за слободна Македонија“, „Нова Македонија“, 15.01.2020.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Македонски партизани