Миливој Гашевски (Скопје, 5 октомври 1924 – Скопје, 2010) ― македонски хидролог и климатолог.

Живот и дејност Основно и средно образование завршил во Скопје. На Катедрата за географија на Филозофскиот факултет во Скопје се запишал во 1946 година и како вонреден студент своите студии ги завршил во 1950 година. Во почетокот работел како службеник, потоа како секретар во Заводот за водостопанство на Македонија. Докторирал во 1960 година, на темата „Планина Бистра - Физичко-географски проучувања” (во областа на хидрологијата). Во Заводот работел до 1974 година, со звање научен соработник, а потоа се вработил на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Во 1975 година, бил избран во вонреден, а во 1980 година во редовен професор. Наставната, научната и стручната работа му е од областа на хидрологија и климатологија. Посебна заслуга има со остварувањето на проектот Катастар на изворите во Република Македонија. Има значителен број трудови. Бил член на повеќе организации. Добитник е на повеќе плакети и пофалници. Се пензионирал во 1987 година. Починал во Скопје во 2010 година.

Поврзано

Томе Андоновски Драган Василески Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски Душан Манаковиќ

Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ

Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски

Наводи

Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Починати во Скопје Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во 2010 година Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Природно-математичкиот факултет - Скопје Категорија:Хидрологија Категорија:Климатологија