Часлав Стојадиновиќ (Бела Црква, 1904 – Скопје, 1986) — српски и југословенски геоморфолог.
Животопис Роден на 12 јануари 1904 година во Бела Црква, Кралство Србија. Завршил Филозофски факултет во Белград. За учебната 1929/30 година бил распореден на работа во битолската гимназија каде останал до 1941 година. За време на Втората светска војна во 1941-45 година, тој предавал во нишката гимназија. Во периодот од 1945-1949 година се преселил во Зрењанин, Војводина. Таму работел на проектот „Дунав–Тиса–Дунав“. Во учебната 1948/49 година. Дошол на Филозофскиот факултет во Скопје како предавач на Катедрата за географија по предметот геоморфологија. Овој предмет го предавал до пензионирањето во 1970 година. Стигнал до знањето вонреден професор. Во периодот 1957-1961 година, бил претседател на Македонското географско друштво. Умрел во 1986 година во Скопје.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Велимир Ј. Костовски
Душан Манаковиќ Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски
Војислав Радовановиќ Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Родени во 1904 година Категорија:Починати во 1986 година Категорија:Луѓе од Бела Црква (Србија) Категорија:Починати во Скопје Категорија:Српски геоморфолози Категорија:Југословенски геоморфолози Категорија:Српски средношколски професори Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Српски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет