Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (р. , ) — македонски стопанственик, политичар и сопственик на ТВ Сонце и Македонско сонце, кој живее во Флорида, САД.
Кариера Ѓорѓија Атанасоски ја напушта Југославија во 1970 година, кога заминува во Њујорк, САД.
Атанасоски ја започна својата кариера како Инженер работејќи на Универзитетот во Њујорк. По пет години престој во САД, Атанасоски во 1975 година ја основа "Мајкрофлекс" со својот брат Јосиф Атанасоски, муѓународна корпорација за производство на флексибилни метални производи со седиште во Ормонд Бич, Флорида и снабдување со широк спектар на индустрии, со клиенти вклучувајќи ја и Наса.
Во 1994 година во Македонија го основа првото македонско списание кое излегува еднаш неделно, весник наречен "Македонско сонце". Во 2008 година ја основа и "Телевизија Сонце" со седиште во Скопје, Македонија.
Тој е претседател на политичката партија „Македонска алијанса“.
Надворешни врски Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на YouTube, Серијал.
Наводи