мини|Врвот „Девојка од Жад“ (десно) на Џјиучју Шји (Река со Девет Свијоци), планини Вуи, 1871 година Џјиучју Шји или Река Џјиучју (превод: Река со Девет Свијоци) — река што извира во планините Вуји или Вујишан (), порано познати како Бохеа Хилс во раните западни документи. Реката и планинскиот венец се наоѓаат во префектурата Нанпинг, во северната покраина Фуџјиан, во близина на границата со покраината Џјиангшји, Кина. Подрачјето е познато ширум светот по неколку ретки и ендемски растителни видови, неговите речни долини и изобилството на важни храмови и археолошки наоѓалишта, со што областа станала Светско наследство на УНЕСКО.

Реката Џјиучју Шји е долга околу 60 километри, меандрира во длабока клисура меѓу ридови. На повеќето места, таа е бавен, плиток поток каде може да се плови само со мали пловни објекти како чамци со весла и кануа. Сепак, реката во една точка се стеснува на само неколку метри, но на длабочина од 80 метри.

Поврзано Џjиуџаигоу Водопад Хуанггуошу

Наводи

Надворешни врски Опис на природните одлики

Категорија:Светско наследство во Кина Категорија:Биосферни резервати во Кина Категорија:Национални паркови во Кина Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на кинески