Јан-Карло Симиќ (роден на 2 мај 2005 година) е професионален фудбалер кој игра како централен бек во Серија А за фудбалскиот клуб Милан. Роден во Германија, тој ја претставува Фудбалската репрезентација на Србија до 19 години на меѓународно младинско ниво .

Ран живот Симиќ е роден во Ниртинген, Германија, од родители Срби.

Кариера За првиот тим на Милан дебитирал на натпреварот од 16 - тото коло во Серија А, против екипата на Монца на Сан Сиро. Тренерот Стефано Пјоли му укажал прилика наместо повредениот Томазо Побега во 24- тата минута. После 17 минути, Симиќ ја искористил асистенцијата која ја упатил Рафаел Леао и постигнал погодок за 2 : 0.

Наводи