Владо Чучков ( во — во ) — македонски музички уредник и критичар.
Животопис
Своите студии ги оформува на Музичката академија во Љубљана.
По доаѓањето во Скопје се вработува во Македонската телевизија како музички уредник.
Неговата главна преокупација е на планот на музичката критика. Почнувајќи од 1961 година, тој е музички критичар на весникот „Нова Македонија“, а соработува и во други весници и списанија. До крајот на животот бележи голем број критики во весникот „Вечер“. Во нив Чучков се покажува како луциден, духовит и провокативен сведок на музичките настани. Тие особености наоѓаат среќен спој со неговата ерудиција и објективност во толкувањето на тие настани.
Наводи
Надворешни врски Неговите музички критики
Категорија:Македонски музички критичари Категорија:Македонски музички уредници