Албасете () — покраина во јужниот дел на автономната заедница Кастиља-Ла Манча, Шпанија. Во 2021 г. населението броело 386.464 жители. Седиште е истоимениот град Албасете, на 262 км југоисточно од Мадрид.

Историја Територијата на денешната покраина е населена уште од древно време, за што сведочат пештерските слики од Куева дел Нињо и Куева де ла Вјеха. Во римско време подрачјето на покраината бил дел од Карпетанија и Келтиберија, Контестанија, Бастетенија и Оретанија. Римјаните изградиле важен град во Либисоса, а за време на Визиготите, на важност добил Толмо де Минатеда.

Во исламско време териториите на покраината биле под разни влијанија, кога се изградени бројни замоци и стражарски кули за одбрана од напади. Во средновековието тука се одиграле поголем број битки. На 25 април 1707 г. крај градот Албасете се одиграла и Битката кај Алманса која завршила со победа на Филип V, негово доаѓање на престолот и втемелување на династијата Бурбонци во Шпанија.

Во 1822 г. е создадена краткотрајната покраина Чинчиља сочинета од општини во покраините Ла Манча, Куенка и Кралството Мурсија. Главниот град Чинчиља де Монтеарагон, мошне блиску до Албасете, послужил како основа за покраината Албасете, создадена во 1833 г. по наредба на Хавиер де Бургос. Со усвојвуањето на уставот од 1978 г. покраината Албасете се префрлила од регионот Мурсија во регионот Кастиља-Ла Манча, а во 1982 г е одобрена нејзината автономија.

Географија Покраината се наоѓа југоисточно од Централната Висорамнина и зафаќа површина од . Се граничи со покраините Гранада, Мурсија, Аликанте, Валенсија, Куенка, Сиудад Реал и Хаен. Поделена е на 87 општини и 7 судски окрузи. Седиште на управата е градот Албасете. Други поважни градови (со преку 10.000 жители) се Ељин, Виљаробледо, Алманса, Ла Рода и Каудете. Најголема река низ покраината е Хукар, која ја преминува на североисток и е позната по длабоките клисури и живописните дрва. На запад тече Лагунесе де Руидера. Други реки се Кабриел (на североисточната граница), Салобрал, Навалкуди и Тахо-Сегура (во средишниот дел), Корколес (на југозапад) и Гвадалмена, Мундо, Тус, Сегура и Таибиља (на југ).

Население Ова е бројноста на населението на покраината низ годините:

Стопанство

Во 2020 г. вкупната вредност на производството во покраината изнесувала 1,03 милијарди долари.

Поврзано Список на општини во Албасете

Наводи

Надворешни врски

Службен портал на покраината

Категорија:Покраини во Кастиља-Ла Манча