Хикару Накамура (, ) — американски шахист, стример, велемајстор (2003), петкратен шампион на САД (2004/2005, 2009, 2012, 2015, 2019), еден од водечките шахисти во светот. Од 2022 г. е Светски шампион во шах Фишер. Родителите на Накамура, татко Јапонец и мајка Американка, се преселиле со својот син во САД две години по неговото раѓање. Хикару почнал да игра шах на 7-годишна возраст под водство на неговиот очув, познатиот американски шаховски тренер Сунил Верамантри. Три години подоцна, на возраст од 10 години и 79 дена, Накамура станал најмладиот мајстор на Американската шаховска федерација во историјата, а на возраст од 15 години и 79 дена ја добил титулата меѓународен велемајстор на ФИДЕ, соборувајќи го рекордот за американски шахисти претходно поставен од Роберт Фишер.
Семрежни дејности Во 2018 г., Хикару Накамура започнал да се појавува на платформата Twitch под корисничкото име „GMHikaru“. Тој игра брз шах против велемајстори, други стримери и гледачи што плаќаат за да се претплатат на неговиот канал. Во 2020 г., за време на пандемијата КОВИД-19, шахот станал значително попопуларен на Twitch, а Хикару стекнал широка слава. Публиката на неговиот канал се зголемила десеткратно помеѓу февруари и јуни 2020 г. На 27 август 2020 г., Накамура потпишал шестцифрен договор со организацијата за киберспортови Team SoloMid (TSM), што го прави еден од првите шахисти што се приклучил на екипа за киберспортови.Имеется ввиду сумму в долларах На 14 февруари 2021 г., Накамура достигнал еден милион претплатници на неговиот канал на Twitch, GMHikaru.
Накамура има и канал на YouTube наречен „GMHikaru“. На 5 мај 2021 г., Хикару достигнал еден милион претплатници на својот канал на YouTube.
Наводи
Надворешни врски
Hikaru Nakamura's Live Chess Rating Statistics
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Родени на 9 декември Категорија:Американски шахисти