Стојан Чундев ( во — во ) — македонски универзитетски професор на Факултетот за електроника и информациски технологии во Скопје.

Животопис

Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 1955 година, а докторирал во 1974 година на Електротехничкиот факултет во Загреб.

Во 1955 година се вработил во Фабриката за автобуси „11 Октомври“, додека во 1965 година бил примен на Електротехничкиот факултет во Скопје како предавач, а од 1977 година е избран за редовен професор.

Ја основал и бил раководител на Лабораторијата за електротермија и ја вовел оваа дисциплина на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Активно работел во рамките на Југословенскиот сојуз за заварување и во Меѓународниот институт за заварување.

Бил автор на оригинални и патентирани уреди и постројки од подрачјето на електричното заварување.

Има напишано високошколски учебници по електротермија, по електрично заварување и по индустриски роботи.

Починал на 19 септември 2012 година.

Наводи

Категорија:Професори на ФЕИТ Категорија:Македонски универзитетски професори