Кубрат () — град во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Кубрат во Разградската Област. Има население од околу 6.881 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Завет се наоѓа во западната половина на Лудогорието. Градот се наоѓа на 37 километри северно од регионалниот центар Разград и на 354 километри од главниот град Софија.

Историја Најраните пишани податоци за населбата се од 1624 година под името Балнубар, или преведено од турски како „Меден Кладенец“. Во 1890 година во Балбунар било отворено основно училиште, а на 4 мај 1891 година било основано оштинското читалиште „Кирил и Методиј“.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, 2 жители на Балнубар доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 827.

Во 1934 година, Балбунар го усвоил своето ново име во чест на ханот Кубрат.Жоржета Назърска, Преименуване на населени места и местности в Шуменския регион (1878-1944) / Материали от Втората нац. конф. по история, археология и културен туризъм / Университетско издателство „Епископ Константин Преславски", Шумен 2011, ISВN: 978-954-577-588-8 / стр.580

Најзначајните стекнувања на Кубрат до 1940 година биле 2 мелници, 2 машини за влачење волна и 1 маслена мелница. Главна егзистенција на населението било земјоделството, сточарството, сечата, туларството, трговијата со намирници и производствени производи.

Во 1949 година селото Кубрат било прогласено за град. Во 1955 година, блиското село Дрјаново било додадено кон градот Кубрат како негова населба.

Личности Лили Иванова (р. 1939), поп-пејачка

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Кубрат

Категорија:Населени места во областа Разград Категорија:Градови во Бугарија