Успение на Пресвета Богородица (позната и како Света Богородица) — главна селска црква во струмичкото село Бадолен, Македонија.Во „Карта на верски објекти во Македонија“ црквата е погрешно именувана како Св. Петка.
Во црквата се празнуваат Голема Богородица на 28 август, односно на 29 август, и селската слава на 6 мај. Ја посетуваат жители на Ново Коњарево и Самоилово, преселници од Бадолен.
Местоположба
Црквата се наоѓа на влезот во селото од десна страна, во неговиот југоисточен дел. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Архитектура
Претставува трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на трите кораба.
Фрескоживопис
Во црквата работел и зографот Гаврил Атанасов.
Икони и иконостас
За оваа црква во 1889 година, струмичкиот зограф Григориј Пецанов изработил неколку икони.
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Бадолен
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храмови посветени на Успението на Пресвета Богородица во Македонија