Престрелка во Радуша — престрелка меѓу македонските полициски сили и 4 ветерани на ОНА кај селото Радуша блиску до границата со Косово, кои шверцувале оружје. Македонската полиција во нивното возило открила поголемо количество оружје и униформи на ОНА.

Заднина

Селото Радуша било често место за престрелки и битки за време на Воениот конфликт во 2001 година во Македонија, како што била Битката за Радуша меѓу македонските безбедносни сили и ОНА. Селото се наоѓа на пат кој го чува водоводот за градот Скопје и косовската граница. Пограничниот регион на Косово често бил терен за битки со вооружените албански бунтовници и македонските безбедносни сили, како што била Операцијата „Планинска бура“ три години претходно.

Неколку недели пред македонските полициски сили да пронајдат неколку бункери на косовската граница полни со оружје и муниција, вклучувајќи тешко оружје како митралези, РПГ, противтенковски мини, експлозиви и детонатори, еден бункер бил пронајден во селото Блаце, каде кон македонската полиција било пукано од неколку мажи. Македонските медиуми се сомневале дека има врска меѓу двата настани, но македонската полиција одбила да шпекулира.

Полициска акција Престрелката се случила во 2 часот по полноќ кога кон припадниците на специјалната полициска единица било пукано од групата откако тие одбиле да застанат на барање на полициските сили. Терористите управувале со бело комбе и биле припадници на ОНА за време на Војната во 2001 година, кои шверцувале оружје и експлозиви во Косово, тројца од лицата биле мештани Албанци, додека еден бил државјанин од Косово за кој македонските полициски сили тврделе дека е познат криминалец кој побегнал од затвор. Македонските безбедносни сили на повидок пронашле големи количества оружје и експлозиви и стари и нови модели, вклучително и ТНТ експлозиви, противтенковски мини, минофрлачки гранати, гранати и униформи и амблеми на ОНА и тврделе дека лицата планирале да ја дестабилизираат не само Македонија туку и поширокиот регион. Албанските политичари од Македонија одбиле да го коментираат инцидентот.

Поврзано

Времеслед на Воениот конфликт во Македонија (2001) Воен конфликт во Македонија (2001) Битка за Радуша (2001) Операција Планинска бура Рација во Блаце Кондовска криза Престрелка на македонско-косовската граница (март 2010)

Наводи

Категорија:Престрелки Категорија:Македонија во 2010 година Категорија:Радуша Категорија:Статии со извори на албански (sq) Категорија:Страници со грешки во URL