Чам Чифлик — историско село на територијата на Општина Струмица, во близина на градот Струмица.
Географија Селото се наоѓало на планината Еленица, југозападно од градот Струмица и тврдината Цареви Кули. Местото е јужно од манастирот „Св. Илија“, источно од Попчево и северно од Раборци и Три Води. Поставено е на рамнина на 510 м.н.в. Било северно од важниот пат Струмица – Солун.
Денес местото има статус на парк на природата со истото име „Чам Чифлик“.
Историја Селото имало црква од средновековието, како и манастир. За него митрополитот Герасим Струмички вели:
Името на селото укажува на тоа дека тоа било чифлик.
Во XIX век Чам Чифлик било мало македонско село во Струмичката Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Чам-Чифлик (Tcham-Tchiflik) се води со 12 домаќинства сочинети од 40 Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. населеното место Чим Чифлик има 100 жители, сите Македонци христијани.
На почетокот на XX век сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Чам-Чифлик (Tcham-Tchiflik) имало 80 Македонци под егзархијата.
Во предвечерието на Балканските војни (1912 – 1913) во селото имало околу 15–20 домаќинства. Самото село немало црква. За празниците селаните оделе во црквата на соседното село Попчево.
Иселување Летото 1913 г. селото е запалено од Грци во текот на Втората балканска војна и оттогаш е иселено.
Личности Починати во Чам Чифлик Каме Пулизов (1920 – 1944) — партизан од Струмичкиот партизански одред, загинат на 18 септември 1944 г. Jордан Колев Георгиев — бугарски подофицер (40. полк) од русенското село Трстеник, прегазен од тенк на 22 септември 1944 г. Тала Милутиновиќ Бикова (1927-1944) — учесник во НОВ на Македонија
Наводи
Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Струмица