Нејчино — историско село на територијата на Општина Босилово, Струмичко, денес во атарот на Босилово.

Географија Селото се наоѓало во Струмичкото Поле, од левата страна на патот Босилово – Радово. На север е Старо Балдовци.

Историја Во XIX век Нејчино било мало македонско селово Струмичката Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Најчило (Naïtcilo) е село со 10 домаќинства сочинети од 32 Македонци. По податоци на митрополитот Герасим Струмички селото е иселено на крајот од XIX век. Во „Материали по географията. Струмишко“, издадени во 1896 и 1897 г. тој забележува дека Нејчино „има само неколку куќи без никој да живее во нив“.

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Босилово