Црквата „Св. Михаил“ ( или , позната и како Црква на Архангелите Михаил и Гаврил) — православна црква во Москополе, денешна Југоисточна Албанија.
Историја Црквата била подигната во 1722 година и е една од петте преостанати цркви од некогаш богатото влашко Москополе.
За време на забраната на верата во Албанија, во 1948 година, таа е претворена во споменик на културата на државата. Во 1996 година црквата била цел на вандализам од страна на муслимански фанатици при што 23 слики на светци биле тешко оштетени.Robert Elsie. Max Demeter Peyfuss: Die Druckerei von Moschopolis, 1731-1769. Buchdruck, p. 1
Архитектура Црквата е тип базилика со главен кораб и два странични кораби. Димензиите се 33 м x 15 м x 9 м. Постојат два главни столба. Две линии на столбови го делат средишниот кораб од двата странични кораби и сите три кораби имаат иста висина како наосот. Столбовите се поврзани еден со друг во двете насоки. Секој од трите кораби има купола, а секоја од трите куполи е различна. На источната страна апсидата е надвор од куполата и ја покриваат некои столбови. Припратата е на западната страна, а нејзината градба е слична на преостанатиот дел од наосот. Нартексот има камени столбови со сводови и куполи. Клоистарот е отсутен бидејќи е уништен, но се уште има траги од изворниот.
Наводи
Категорија:Православни цркви во Албанија Категорија:Споменици на културата во Албанија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Храмови посветени на Свети Архангел Михаил Категорија:Цркви во Москополе