Атанас Крлевски (, ) — македонски писател, сатиричар, афорист. Тој е првиот македонски писател кој напишал хаику стихозбирка за деца, стихозбирката „Смајли во снегот“. Тој објавува во многу младински и студентски весници и списанија, како и во списанија за книжевност, хумор и сатира во Р. Македонија.
Животопис Атанас Крлевски е роден 1956 година во Ташкент, денешен Узбекистан. Во 1959 година се доселува и живее во Велес каде завршува основно образование во ООУ „Васил Главинов“ и средно образование во Гимназија „Кочо Рацин“. Школувањето го продолжува на Електротехничкиот факултет во Скопје каде се стекнува со звање инженер по електроника и телекомуникации.
Творештво Со поетско творештво се занимава од првите школски години, а со сатира од 1977 год. Во сатирата е пред сè афорист, иако во помал обем пишува и сатирични текстови, хуморески, епиграми. Негови афоризми се објавени и се објавуваат на радио и телевезиски емисии, во списанија и по социјалните мрежи, портали и сл.
Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес.
Застапен е во повеќе антологии на македонскиот, балканскиот и европскиот афоризам и во зборници, алманаси, заеднички збирки и антологии на сатира и поезија. Преведуван на некои балкански јазици, руски и англиски. Наградуван на повеќето македонски сатирични конкурси, фестивали и манифестации и добитник на наградата „9 Ноември“, на Општина Велес за посебен придонес во сатирата и нејзина афирмација и афирмација на градот во земјата и странство. Во 2023 год. ја добива литературната награда „Коле Неделковски“. Како поет учествува и на многу поетски манифестации, на Детски Рацинови средби и фестивали во Македонија.
Автор е на десет книги афоризми: „Крлевизми“ (2009 год.),: „Окрлавени мисли“ (2011 год.), „Крлук“ (2014 год.), „Цветен пазар“ (2015 год.), „Изгоревме под сенка“ (2017 год.), „Умот на крлашка“ (2018 год.), „Одлетани од крлетка“ (2018 год.), „Мисли без крлушки“ (2019 год.), „Крилести крлевизми“ (2019 год.) „Крлевизми - избрани афоризми“ (2020 год.) „На прв поглед“ (2018 год.), „Мигум“ (2023 год.) хаику стихозбирка за деца „Смајли во снегот“ ( 2023 год. )
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски афористи