Трапезица () — планина во Коничко, Епир, Грција, дел од венецот Пинд. Највисокиот истоимен врв се издига на 2.024 м надморска височина.

Планината е дел од Националните паркови „Пинд“ и „Вик-Војуша“ и членка на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (GR2130001).Εθνικό Πάρκο Βόρειας Πίνδου, Ορεογραφία

Географија Планината е стрмна, обрасната со густа шума, сочинета од листопадни дрвја (бука, даб, габер) и зимзелени иглолисни дрвја на повисоките делови. Најблиски околни планини се Тимфи на југ, од која е одделена со длабока клисура на реката Војуша, и Смолика на североисток. Сместена е на самата граница меѓу Коничко и областа Загори. Најблиско гратче е Коница, сместено во западното подножје на планината. Единствено друго населено место е селото Пеклари во северниот дел.

Карпите на планината се сочинети од варовници.

Највисок врв е Трапезица, на надморска височина од 2.024 м. На запад од него се наоѓаат врвовите Ајминадија (1.682 м) и Ѕума (1.396 м), на југ Ридовуни (1.985 м) и Копана (1.278 м) на исток.

Планината се искачува од селото Падеж (1.140 м) за околу два часа и половина, а врвот Ридовуни за околу 4 часа.

Наводи

Категорија:Пинд Категорија:Планини во Епир Категорија:Јанина (округ) Категорија:Коница (општина)