мини|399x399пкс| Велешкиот срез во рамките на Кралството Србија 1913. Велешки Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.

Организација и население Кралство Србија После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Велешкиот Срез припаѓал на Скопскиот Округ, заедно со Скопскиот и Качаничкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Велес. Во 1913 година тој имал 30 општини, со 85 села, еден град и 5 манастири. Градското населние изнесувало 15.624, додека селското население изнесувало 34.412 жители. +Велешкиот срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинатаБрој на селаКолку часа е оддалечена општината од ВелесЖители1Бањичка43:307742Башино-селска40:3016243Бистричка2917964Богомилска39:1520405Владиловска458966Водовратска24:3012267Војничка13:308548Врановачка1526549Иванковачка23145710Јабучишка21089711Карасларска41:1597012Кочиларска32103913Крајничка25:3097214Лисичка24108215Мелничка1?190816Оморанска26:3092717Ораховачка3265018Орахов-долска32:15137119Орешка21194020Оризарска20:4595021Подлешка25:30141322Рудничка42:3069323Скачинска33:3075424Слпска44:1563625Старо-градска54103126Сујакларска42:4582127Теовска2?115228Црквишка3398229Чашка63:3065330Чичевска36:151250

Кралство СХС Во 1921 година, срезот исто така имал 30 општини и еден град. Градот Велес имал 14.155 жители, а велешката околина имала 29.174 жители.

Јазик Во градот Велес 72% од населението говорело српски или хрватски, додека 26% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во целиот срез, 73% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот (21%). +Јазици 1921 годинаЈазикВелешка околинаГрад ВелесВкупно%Српски или хрватски21520102533177373.32Турски56803718939821.68Други197418421585

Религија Во градот Велес 73% од населението било православно, додека 27% биле муслимани. Од другата страна пак, во велешката околина 59% биле православни и 41% биле муслимани. +Религија 1921 годинаРелигијаВелешка околинаГрад ВелесВкупно%Православни17159102952745463.36Муслимани1201138061581736.50Други454580.14

Кралство Југославија Во 1931 година, Велешкиот Срез имал 23 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Вкупното градско население било 13,445, додека селското население било 28.791. Целиот срез имал 42.236 жители. Како православни се изјасниле 70% од жителите, додека како муслимани 28%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf

82% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, додека 13% говореле на друг јазик (во најголем дел турски).

Наводи

Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Историја на Велес