Орљачка Планина (, Орљакас) — планина во Гребенско, Егејска Македонија.

Опис Ова е долга тесна планина во западниот дел на Гребенско и сочинува дел од венецот Северен Пинд. На запад и север е одвоена од планинскиот комплекс Василица со превојот (1.300 м) Дова – Кандила и потокот Потамули, а реката Венетик ја образува нејзината граница исток и југ. На југгозапад се поврзува со планината Љагуна преку билото на Егзархос (1.300 м).

Често планината погрешно се вклучува во венецот Лигос. Архаичното име Спилио(с) Σπίλο(ς) значи „стрмна карпа“. На некои други карти името Орљакас е обележано само на источниот крај на планината, над селото Спилио (960 м), а други во Орљачка Планина ги вклучуваат и најзападните височини (кои може да се разгледуваат самостојно), до врвот Кантила.

Карпите се офиолити, малку варовници, конгломерати и песочници.

Орљачка Планина е дел од мрежата на заштитени подрачка Натура 2000 (1310001).

Стрмните падини на планината се погодни за искачување по карпи.

До врвот се стасува од планинскиот пат кој ги поврзува селата Тиста (900 м) и Лавда (1.040 м) и минува близу до самиот врв.

+ Врвови Име Грчки Висина Местоположба Кандила Καντήλα 1.475 м во западниот дел, Ј од Лавда Калогрија Καλόγρια 1.400 м Карамула Καραμούλα 1.200 – 1.000 м во централниот дел, ИЈИ од Лавда и ЗЈЗ од Тиста Карецос Καρέτσος 1.432 м Кафадијас, Кокораса Καφαδίας, Κοκκοράσα 1.467 м во западниот дел, ЈЈИ од Лавда Керасија Κερασιά 1.225 м во централниот дел, ЈИ од Лавда и ЈЗ од Тиста Кревати Κρεββάτι 1.420 м во западниот дел, Ј од Лавда Макростиви, Бакостиви Μακροστίβι, Μπακοστίβι 1.000 м во источниот дел, З од Спилио Мегали Петра Μεγάλη Πέτρα 1.080 м во источниот дел, ЗСЗ од Спилио Орљакас Όρλιακας 1.453 м во источниот дел, ЈЈЗ од Тиста Рахи Керасијас Ράχη Κερασιάς 1.464 – 1.300 м Рахи Љарука Ράχη Λιαρούκα 1.080 – 800 м Ставрос Σταυρός 1.160 м

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Пинд Категорија:Гребен (општина)