Реинилдо Иснард Мандава (роден на 21 јануари 1994 година, во Беира) — мозамбикански фудбалер, на и на мозамбиканската репрезентација.

Технички карактеристики Лев бек, добар во маркирањето на противниците, кому посилната страна му е одбранбената фаза. Важи за играч кој не се плаши да влегува во дуели благодарение на добрата физичка градба..

Клупска кариера Роден во Беира, Мозамбик, Мандава ја започнал својата фудбалска кариера во татковината играјќи за екипите на Феровиарио да Беира и ГД Мапуто. Во декември 2015 година, тој потпишал за португалскиот клуб Бенфика и бил приклучен да игра за нивниот резервен тим. Во јуни 2017 година, тој бил позајмен на Ковиља во втората португалска лига за една сезона.O defesa-esquerdo moçambicano Reinildo, emprestado pelo Benfica por uma temporada. SAPO Desporto

Во летото 2018 година, тој се преселил во Белененсеш САД,Reinildo chega para a defesa A Bola клуб со кој дебитирал во Примеира лигата, најсилна фудбалска дивизија на Португалија. После само 16 натпревари за Белененсеш во португалското првенство, во јануари 2019 година, тој заминал во францускиот клуб Лил на заем за кој мастифите платиле околу 3 милиони евра со можност да го откупат целосно играчот на крајот од сезоната. На 31 мај 2019 година, било потврдено дека Лил целосно го откупил Мандава од Белененсеш.Lille purchase Reinildo Mandava in €3m deal, getfootballnewsfrance.com, 31 May 2019

На 31 јануари 2022 година, Мандава потпишал три ипол годишен договор со шпанскиот клуб Атлетико Мадрид.

На 8 јули 2025 година, Мандава потпишал двегодишен договор со Сандерленд. Дебитирал за клубот, а воедно и во Премиер лигата, во победата со 3-0 на домашен терен над Вест Хем Јунајтед, станувајќи првиот мозамбиканец кој заиграл во Премиер лигата.

Репрезентативна кариера Своето деби за репрезентацијата на Мозамбик го имал во 2013 година, во натпревар против .

Во 2023 година, тој бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации, каде постигнал и гол во ремито 2-2 против во последниот натпревар од групата после кој мозамбиканците го завршиле своето учество на турнирот како последни во групата со два освоени бода.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 6 јуни 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-јан. 2017 Бенфика Б Л2 1 0 - - - - - - - - - 1 0 јан.-јун. 2017 Фафе Л2 16 1 КП+ЛКП 0 0 - - - - - - 16 1 2017-2018 Ковиља Л2 30 4 КП+ЛКП 0+1 0+0 - - - - - - 31 4 2018-јан. 2019 Белененсеш ПЛ 16 0 КП+ЛКП 1+2 0+1 - - - - - - 19 1 јан.-јун. 2019 Л1 3 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 - - - - - - 3 0 2019-2020 Л1 16 0 КФ+ЛКФ 2+2 0+0 ЛШ 2 0 - - - 22 0 2020-2021 Л1 29 0 КФ 0 0 ЛЕ 6 0 - - - 35 0Вкупно Лил 65 1 6 0 14 0 1 0 86 12021-2022 ПД 17 0 КШ - - ЛШ 4 0 СШ - - 21 0 2022-2023 ПД 21 0 КШ 5 0 ЛШ 6 0 - - - 32 0Вкупно Атлетико Мадрид 38 0 5 0 10 0 0 0 51 0Вкупно во кариерата 166 6 15 1 24 0 1 0 206 7

Титули Лил Лига 1 : 1 2020–2021 Суперкуп на Франција : 1 2021

Наводи

Надворешни врски

Реинилдо Мандава на soccerway Реинилдо Мандава на transfermarkt Реинилдо Мандава на espn Реинилдо Мандава на whosocred

Категорија:Живи луѓе Категорија:Мозамбикански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Родени во 1994 година