Лила Арсова (6 ноември 1967, Велес), позната и под псевдонимот Лили Арсова — македонски просветен работникЛила Арсова, Весна Христовска и Томислав Иванов прогласени за најдобри просветни работници!, duma.mk, 23-05-2013, писател и поет за деца.Промоција на книгата „Приказни од мојот крај“ , dk-kocoracin.org.mk

Животопис Арсова е родена на 6 ноември 1967 во Велес. Основно образование завршила во ООУ „Рајко Жинзифов“ а средно образование во СОУ „Јовче Тесличков“ во Велес. Дипломирала на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј во Скопје. Работи како професор во одделенска настава во ОУ „ Васил Главинов“.Колку треба да се разубави секојдневието на децата во училиштата?, fakulteti.mk

Претседател е на друштвото на писатели „Коста Солев Рацин “ во Велес од 2014 до денес. Нејзиното творештво е преведувано на неколку јазици, меѓу кои српски, англиски, грчки, романски и бугарски. Застапена со творештвото во многу интернет портали и списанија. Творештво Поезија и проза за деца и младинци

„Поточиња во детските очиња“, издавач и печат Дата Песнопој, Битола (2010); „Детството соништа плете“, издавач - авторот, печат „Прва книга“, Велес (2010); „Свете растеш ли ко дете“, издавач - авторот, печат „Унистар“- Велес (2016); Драмски текстови „Сончевата трпеза“, издавач авторот, печат „Унистар“ Велес (2015); „Приказни крај воденичните камења“ (книга со приказни и бајки) издавач - авторот, печат „Унистар“- Велес (2015); . „Приказни од мојот крај“, издавач – авторот, печат „Академски печат“- Скопје (2018); „Детски мечти“ (приказни и бајки) издавач и печат „Дата Песнопој“, Битола - Битола (2024) „Снежна убавица“ стихозбирка - печат „Ирис Струга“ (2024) Коавтор на стихозбирката за деца „Прошетка низ азбуката“ (2018) Коавтор на стихозбирката песни на македонски и италијански јазик посветени на Мајка Тереза ( 2018 и 2019 година).

Меѓународни заеднички изданија Македонско – грчки избор на дела „Гласови“ во издание на „Дата Песнопој“ Битола (2011); Македонско – бугарска антологија „Книжевни одблесоци“ во издание на „Дата – Песнопој“ - Битола (2016); „Мојот татко храни птици“- меѓународен зборник во издание на „Лијепа реч“ од Тузла, Босна и Херцеговина (2018); Меѓународни зборници поезија „Мајка Тереза 2021“ и „Празници 2“ (2021); Збирка поезија на 2-от Меѓународен фестивал на поезија, проза, афоризми и хаику “Симбиоза на планета 2022”, во организација на Клубот на книжевни творци “Симбиоза” – Куманово.

Авторство како група автори Зборник „Велешки поетски пулсирања“ 2014, 2015, 2016, 2017- Клуб на писатели „ Коста Солев Рацин“ (2016); „Распеано слевејче “ – Здружение Златно перо - Битола (2015); „Поетски чекорења“ - Друштво на писатели Куманово (2015); „Песни за учителот“- Здружение на просветни работници литературни творци во Р Македонија – (2016 и 2017); „Во светот на бајките“- Ирис, Струга (2016); „Метрички карван“ - Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија (2016); Списание „Велес“- Клуб на писатели „Коста С. Рацин“ (континуирано од 2016); издавач Збирка „Златен меч на времето“ - Клуб на писатели „Коста С. Рацин“ - Васил Тоциновски (2017); Збирка на поетски творби за деца „Стихувалки“- ЕДУКА МАК, Скопје (2018); Антологија посветена на Даница Ручигај - Академски печат, Скопје; Збирка поезија „Мостови на пријателството“- Здружение „Диван“од 2017 до 2022; Песни во списанието за деца „Супер Смешка“(2018);

Признанија

Награда на фестивалот „Стихувалки“ 2018 година; Поет на годината на манифестација „Литератопија 2020“ година;

Наводи

Надворешни врски Творештво за слободно читање на Лили Арсова Лила Арсова на novamakedonija.com.mk „Сончева трпеза“ , knigoteka.mk

Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писатели за деца