Министерство за млади и спорт на Република Турција () — владина агенција во рамките на Кабинетот на Турција задолжена за регулирање на активностите поврзани со спортот и развојот на младите во Република Турција. Со Министерството раководи Осман Ашкин Бак.

Историја На 29 јуни 1938 година била формирана дирекцијата за физичка култура. По општите избори во 1969 година, во кабинетот на Сулејман Демирел II, на 3 ноември за прв пат било формирано Министерството за млади и спорт, а за негов прв министер бил назначен Исмет Сезгин. По општите избори во 1983 година, министерството било преименувано во Национално образование, млади и спорт на 14 декември."Tarihçe" (in Turkish). Ankara Gençlik Hizmetleri Spor İl Müdürlüğü . Retrieved 2013-05-30.

Министерството за млади и спорт било повторно воспоставено како независно министерство на 29 јуни 2011 година по формирањето на кабинетот на Ердоган III. Во минатото, владините активности за млади и спорт ги извршувале различни владини агенции подредени на државен министер, кој имал и други надлежности. Тие организации биле обединети под капата на новоформираното министерство додека статусот на покраинските организации биле редефиниран во согласност со усогласувањето на правото за пристапување на Турција во Европската унија.

Поврзано

Влада на Турција Спорт во Турција Список на министри за млади и спорт на Турција Список на спортски управни тела во Турција

Наводи

Категорија:Министерства за спорт Категорија:Спортот во Турција Категорија:Министерства на Турција