Горанце () — село во општина Генерал Јанковиќ, Косово, до самата граница со Македонија.

Историја Во XIX век, селото е дел од Тетовска Каза на Призренскоит санџак.

По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија.

Население Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 311 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горанци живееле 76 жители Македонски христијани и 165 Арнаути муслимани.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горанце имало 120 Македонски патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905.

Според пописот од 1913 година селото има 299 жители и било седиште на истоимената општина.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци и 100 Македонци. +Година18571900191319311948195319611971198119912011Население3112412994505395835675846276841028 Според пописот од 2011 година, селото имало 1.028 жители, сите Албанци.

Наводи

Категорија:Генерал Јанковиќ Категорија:Населени места во Косово Категорија:Населени места во Вардарска Македонија